Sistina Oftalmologija Svjetlost Klinika
Sistina Oftalmologija

Славевме 20 години успешна грижа на очите на клиника „Свјетлост“!

На 23.02.2018 година, клиника „Свјетлост“ од чија групација е „Систина Офталмологија“ одбележа 20 години од своето работење во Загреб. На свеченоста присуствуваа повеќе од 700 гости, меѓу кои и претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар Китарович, претседателот на Црна Гора Филип Вујанович, потпретседателот на хрватскиот парламент Милијан Бркич, министерот за здравство Милан Кујунџица и претставник на Претседателството на Босна и Херцеговина Рад Бошњак.

Исто така, присуствуваа и бившите претседатели на Република Хрватска Стјепан Мешиќ и Иво Јосиповиќ, и три бивши премиери Фрањо Грегурич, Златко Матеша и Јадранка Косор.

„Често ме прашуваат зошто ја именував клиниката „Свјетлост“, а не „Габриќ“. Затоа што светлост претставува енергија и нов почеток, додека темнината претставува хаос. Во секој човек се борат и темнината и светлината; темнината во облик на страв и светлоста како желба за остварување на соништата. Се надевам дека клиниката „Свјетлост’ ќе ви помогне секогаш во животот да ги исполнувате своите желби.“ – во својот говор истакна проф. Никица Габриќ, основачот и управител на клиника „Свјетлост“.

Претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар Китарович, во својот говор, меѓу другото, истакна дека посебно ја радуваат успесите на клиниката „Свјетлост“ во соседните држави, што упатува на можностите и потребата на континуиран развој на економската соработка.

Во 2015-та година, склучивме стратешко партнерство со универзитетска клиника „Свјетлост“ и го применивме нивното искуство и професионализам во Македонија. Технолошки го надградивме и зголемивме обемот на своето работење преку отворање на Одделот за рефрактивна хирургија со што овозможи решавање на сите проблеми со видот и кај оние пациенти кои сакаат повисок стандард, квалитет и комфорт во своите животни навики. Последователно, како дел од нашата развојна стратегија, отворивме дијагностички центар и во Битола така што овозможивме нашите услуги да бидат достапни и за граѓаните на Битола, Прилеп, Ресен и околните градови. „Систина Офталмологија“ доследна на својата општествена одговорност, инвестира во едукација на амбициозни доктори со тоа што им овозможува специјализација во европските очни центри, кои своето знаење, понатаму ќе го пренесат во Македонија.

Емотивен и прекрасен момент од целата свеченост беше кога проф. д-р Габриќ им подари 20 признанија на 20 луѓе од својот тим, без кои клиниката „Свјетлост“ не би била она што е денес.

По завршување на формалниот дел, за забавата беа задолжени Тереза Кесовија, Петар Грашо и Тони Цетински.